Пожарот кај охридско повторно избувна - теренот е непристапен

 

И покрај пред неколку часовната објавена информација на ЦУК, дека пожарот кај охридско е целосно локализиран, истиот повторно избувнал кај с.Вапила, а сега е насочен кон с. Сирула.

Од ЦУК соопштија дека теренот е непристапен. 

„Добивме инфорамција дека од 19:00 дека пожарот кај с.Вапила, Охридско, е повторно активиран кон с.Сирула. Карпест е пределот со ниска вегетација, но нема сериозна опасност за луѓе и материјални добра, теренот е непристапен“, изјавија надлежните на ЦУК.

На лице место се присутни  претставници од ДСЗ и вработени од Македонски Шуми кои моментално вршат обиколки и процена на ситуацијата.

09.08.2022 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега