Пожарот на Шар Планина се шири, голема опасност за куќите во Селце


Национален парк „Шар Планина“ информира дека пожарот над село Селце не е локализиран.

„Пожарот над село Селце не е локализиран, напротив, тој е и проширен. Четири дена гаснење од страна на ренџерската служба на ЈУНП „Шар Планина“ за жал не вродија со плод, иако денес добивме поддршка и од воздухопловните сили на МВР кои исфрлија 7 ведра вода, а на терен излезе и пожарната единица од Тетово, стои во соопштението.

Од НП „Шар Планина“ проценуваат дека поради неповолните временски услови состојбата може дополнително да се влоши.

Се заканува пожарот да стигне до селото Селце и да ги загрози куќите.

15.04.2024 - 10:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега