Пратеничка од СДСМ позитивна на Ковид ќе присуствува на денешната седница: „Нема да дозволиме уцени“

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ преку Фејсбук најави дека иако позитивна на Ковид таа денеска ќе присуствува на собраниската седница.

-Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании. Позитивна сум на КОВИД-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот, вели Костадиновска.

Посочува дека немало да дозволат уцени.

-Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив.

-А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот - но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата. Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава РАЗЛИКА ИМА меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ односно меѓу тоа да правиш СЀ ЗА народот и да правиш СЀ ПРОТИВ народот, вели таа во објавата на Фејсбук.

 

Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги...

Posted by Бисера Костадиновска Стојчевска on Sunday, 18 April 2021

Инаку, излегувањето од дома без претходна дозвола е казниво со Закон. Во услови на епимидеја заразените смеат да излезат од својот дом само за здравствени потреби.

Согласно членот 206 од Кривичниот законик казната за ова дело казната може да биде парична или затвор до една година.

-Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна, се вели во членот 206 од Кривичниот законик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2021 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега