Пратениците на пауза, Предлог законот за задолжување не бил преведен и на албански јазик

Само што започна собраниската седница на чиј дневен ред прва точка е Предлог – законот за задолжување на Македонија од 90 милиони евра со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој  за финансирање на Проектот за итно справуање со Ковид 19, по скратена постапка, пратеничката група на Алтернатива и Алијанса побара пауза од еден час, објави Слободен печат. Незадоволни што материјалот го добиле само на македонски, а не и на албански јазик најавија дека ќе се координираат за да одлучат како ќе дејствуваат понатаму на седницата. Според Скендер Реџепи од Алтернатива со доставуањето на материјалот само на македонски јазик се дискриминира албанскиот јазик.
-Срамот е голем бидјеќи материјалите што ги добиваме се само на македонски јазик. Преводот добен на албански јазик е на три страници, а на македонски е на 12 страници. Бараме комплетни документи. Доколку вие како Албанец, но и министерот за финансии кој е Албанец го дозволувате ова, тогаш што останува за другите институции предводени од Македонци. Треба да го заштитиме албанскиот јазик од дискриминација, рече Скендер Реџепи.
Спикерот Талат Џафери посочи дека од генералниот секретар и собраниските помошници бил информиран дека се исполнети условите за одржување на седницата.
-Не доаѓам за да ве чекам да дојдете на седница. Ако има добро разбирање би било добро да го повлече барањето за пауза од еден час, за да можеме да го усвоиме дневниот ред, за да можат собраниските комисии да работат, рече Џафери.
Ваквиот предлог на спикерот, од пратеничката група на Алијансата и Алтернатива беше одбиен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега