Прекината свадба во Скопје - никој не бил вакциниран

Три угостителски објекти во кои присуствувале невакцинирани гости биле затворени од страна на пазарниот инспекторат, објави порталот „САКАМДАКАМАЖАМ“.

Меѓу затворените објекти е и ресторан за свадба каде при контролата речиси никој од гостите не биле вакциниран, дознава СДК.

„Контролите низ угостителските објекти ги правиме заедно со полицијата бидејќи ние како Пазарна инспекција не можеме да бараме легитимирање на гостите. Прекинавме една свадба каде речиси никој од гостите немаше сертификат за вакцинација, а во Скопје затворивме и кафуле во центарот на градот каде имаше невакцинирани млади луѓе“; вели Александра Котели портпарол на Пазарната инспекција.

Казните за непочитување на мерките од Владата се 250 евра за физичките лица кои ќе бидат затекнати без сертификат за вакцинација, а до 30.000 евра за угостителскиот објект.

01.09.2021 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега