Премиерот Ковечевски на тет-а-тет средба со Брнабиќ

Со средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ почна официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски на Белград. 

За време на посетата, Ковачевски имаше и тет-а-тет средба со  премиерката Ана Брнабиќ.

По пленарната средба, предвидено е потпишување на меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан, по што ќе следува заедничка прес- конференција на двајцата премиери, Ковачевски и Брнабиќ.

Ќе бидат потпишани Меморандум за разбирање меѓу Владата на Северна Македонија и Владата на Србија, за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница, Меморандум за разбирање - проект за електронска наплата на патарина – воспоставување интероперабилен електронски систем за наплата на патарина и Меморандум за соработка во рударството и енергетиката. 

Во состав на македонската делегација се и министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик министерот за информатичко општество и јавна администрација Александар Бајдевски.

31.03.2023 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега