Претепан малолетник од Скопје, со тешки повреди итно пренесен во болница


Вчера во 23.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Скопје.

Според пријавеното, околу 22.40 часот на подрачјето на општина Гази Баба во Скопје, тој и негов другар биле нападнати со дрвени и метални предмети од неколку други малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

29.04.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега