Претседателот Пендаровски се сретна со претставници на Независната угостителска комора

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на Незавинсната угостителска комора, која во себе обединува 67 угостителски субјекти од државата.

На средбата, како што соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски, претставниците на НУК ги претставија предизвиците со кои угостителскиот сектор се соочува во работата во услови на пандемија од КОВИД-19, како и нивната вклученост во насока на креирање, предлагање и реализирање  на мерки и активности со цел справување со последиците од пандемијата.

Укажувајќи на актуелните состојби во угостителскиот сектор, претставниците на НУК пред претседателот Пендаровски ги претставија проценките дека приходите во оваа индустрија годинава ќе бидат намалени за две третини во споредба со претходно.

-Претставниците на НУК го информираа претседателот Пендаровски за плановите за организирање на регионална конференција на угостители од Балканот, кон крајот на септември во Скопје, на која е предвидено да се разговара за начините и можностите за функционирање на угостителската индустрија во пресрет на вториот бран на пандемијата, која според нив е една од најмногу погодените од почетокот на кризата, се наведува во соопштението .

Претседателот Пендаровски, како што се додава во соопштението, изрази очекување за изнаоѓање на начини и модалитети за унапредување на работата на засегнатите субјекти во овој сектор, преку стриктно почитување на здравствените протоколи

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега