Преведувач од Македонија: Ми стигна понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

 

Преведувач од Македонија на социјалните мрежи сподели дека добил понуда за превод на материјали од „северномакедонски“ јазик.

„Кој е тој јазик, знае ли некој? Јас не знам за таков јазик. Проектот е инаку од ЕУ“, пишува преведувачот кој дополнително сподели и дека реагирал и ги објави деталите за преводот.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон во Брисел не’ нарече „Северномакедонци“, по што министерот Буjар Османи оцени дека Макрон направил ненамерна грешка.

 

 
25.06.2022 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега