Приведен бегалец од затвор во Гостивар

Во Гостивар вчера во 16.40 часот на ул. „Браќа Ѓиновски“ полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Н.(35) од Струга, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор.

Како што денеска соопшти МВР, лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на една година и шест месеци од затворската казна

21.04.2024 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега