Приведен скопјанец, измамил гостиварчанец со 1500 евра


Вчера во 17.00 часот на улица ,,ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(51) од скопско Студеничани, поради сомнение дека извршил кривично дело „измама“. 

Тој се сомничи дека измамил 34 – годишен гостиварец за сума од околу 1.500 евра. Според пријавеното, во јуни 2023 тој се договорил со оштетениот да му го поправи четирициклот, по што ги земал деловите за поправка и од него добил аванс. Меѓутоа, набргу потоа И.Б. престанал да комуницира со 34-годишникот и не ја завршил договорената работа, по што на 16.02.2024 бил пријавен во ОВР Гостивар.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

09.05.2024 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега