Продолжува штрајкот на вработените во Матично – денеска ќе блокираат и улици

Веќе шести ден продолжува штрајкот на вработените во Управата за водење на матични книги. Денеска тие најавија и дека ќе блокираат улици во Центарот на Скопје.

-Ве известуваме дека по повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре 05.05.2022 година дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците. Во 16.00 часот пред министерството за правда ќе оддржиме и прес конференција на која ќе ги пренесеме нашите барања за која ќе ни биде чест доколку присуствувате и медиумски го покриете нашето излагање, се вели во дописот од вработените кои штрајкуваат.

Тие бараат зголемување на платите за 30 отсто.

Според извештајот на Државната ревизија, само во 2019 година Управата издала околу 22.000 погрешни изводи. Работата на Матично често е на мета на јавноста, што поради издавањето погрешни документи, што поради големите гужви кои се создаваат на нивните шалтери, глетка која беше најизразена за време на пандемијата кога вработените работеа со скратено работно време или во групи.

05.05.2022 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега