Проштална средба Османи-Станила: Нашата држава високо ја вреднува континуираната поддршка од Романија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денес оствари проштална средба со амбасадорот на Романија во Република Северна Македонија, Виорел Станила.

На средбата беше изразено задоволството од досегашниот развој на односите и соработката меѓу двете земји, за што министерот Османи упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорот Станила изминатите четири години, како и за соработката меѓу Министерството за надворешни работи на Македонија и Амбасадата на Романија во Скопје.

„Нашата држава високо ја вреднува континуираната поддршка од Романија во евро-атлантскиот интегративен процес и поддршката за реализација на наредната значајна фаза - одржување на Меѓувладината конференција и формалното започнување на пристапните преговори до крајот на годината“, истакна Министерот .

Взаемно беше нагласен интересот и заложбите на двете држави за натамошен развој и јакнење на севкупните билатерални односи и соработката, посебно во областа на економијата, но и во сите други области од заемен интерес.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на Владите за справување со пандемијата, а беа разменети и мислења за актуелните состојби во Регионот и регионалната соработка и неговите европски перспективи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2020 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега