Протест на моторџиите - „Правда за Гоце, правда за сите“

Под мото „Правда за Гоце, правда за сите“ моторџиите денеска протестираа на скопските улици против неправедните судски одлуки.

Протестот уседи по пресудата за сообраќајната несреќа кај Млечен во која пред две години загина 32-годишниот Гоце Димитриевски, а неговата сопруга Наташа го загуби нероденото бебе и е со трајни телесни последици.

Судот донесе одлука во која Васил Чорбаџиев, кој премина преку две полни линии и удри во моторот на Гоце, доби условна казна откако ја призна вината.

-Сведоци на недозволиво казнување на поединци кои вршат сериозни сообраќајки со фатални последици. Секој може да предизвика незгода, но секој треба да одговара за постапките и да добие правичен третман од судство. Изминати години сме сведоци на многу македонски мотоциклисти кои гинат, а сторителите поминуваат неказнето, изјави моторџијата Благој Мартиновски.

На протестот дојде и сопругата на Гоце, Наташа Димитриевска која побара поголема свесност на учесниците во сообраќајот. Таа неколку пати претходно се обиде да ја добие правната битка за Гоце, но со последната одлука на Советот на јавни обвинители се оцени дека обвинителката постапувала правилно во процесот.

 Ова денес е организирано од мотороџиите, од клубови, федерација. Ако нас не не слушнат народот ќе излезе за да се докаже дека овие пресуди не се од граѓани, речеДимитриевска

Протест почна пред Млечен каде моторџиите оставија цвеќе на местото на кобната несреќа. Потоа се упатија пред Основниот суд Скопје 1, каде го блокираа булеварот во знак на протест на судската одлука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2020 - 15:48
Фото: 
Твитер

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега