Прва официјална средба Бесими - Жбогар: До крајот на месецот на располагање ќе бидат 50 милиони евра од ЕУ

Министерот за финансии  Фатмир Бесими, денеска се сретна со евроамбасадорот Самуел Жбогар и тимот од делегацијата на Европска унија во Република Македонија.

Жбогар на Бесими му го честитал изборот за министер за финансии и му посака успех во работата. 

 Како што соопшти прес-службата на Министерството за финансии, Бесими му се заблагодарил за досегашната поддршка и неговиот особен придонес во процесите кон евроатланскиот пат на земјата и му посака успех во неговите идни професионални ангажмани.

 -На средбата се разговараше за поддршката која ЕУ ја даде во изминатиот период во услови на пандемијата со ковид 19, преку неколку инструменти кои Унијата ги стави на располагање на Република Северна Македонија, како што се Инструментот на ЕУ за социјална и економска отпорност во износ од 50 милиони евра, за кои се очекува до крај на месец септември да биде потпишана и Финансиската спогодба со што средствата ќе бидат ставени на располагање веднаш по потпишувањето. Имено, 40 милиони ЕВРА ќе бидат директно насочени кон поддршка на приватниот сектор преку Развојната банка на Република Северна Македонија во форма на безкаматна кредитна линија како и грант средства за поддршка на вработување на млади лица преку Агенцијата за вработување. Исто така, дел од овие средства во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени за поддршка на здравствениот сектор и поддршка во процесот на приближување на земјата кон европските стандарди.  Воедно стана збор и за макрофинансиската поддршка од ЕУ во износ од 160 милиони евра за која Република Северна Македонија веќе ги има склучено потребните договори и испратено барање за повлекување на првата транша во износ од 80 милиони евра и која се очекува да пристигне до крајот на овој месец, се вели во соопштението од Финанси.

Бесими изразил задоволство од досегашната соработка која Министерството за финансии ја има со Делегацијата на ЕУ во Скопје особено за поддршката во имплементацијата на Програмата за управување со јавните фианнсии за која ЕУ има одвоено 18,6 милиони евра и истата е во фаза на имплементација. Воедно, станало збор и за тековните проекти кои со помош на ЕУ се имплементираат во рамки на Министерството во насока на зајакнување на функциите за буџетско планирање, извршување и внатрешна контрола како и подобрување на наплатата на приходи и на даночната и царинска политика.

 Евроамбасадорот Жбогар ја потенцирал улогата на Министерството за финансии како клучна алка во системот за спроведување на ИПА проекти  и посочи дека во иднина треба да се работи и на дополнително јакнење на капацитети во насока на поголема апсорпција на средствата од ИПА инструментот.

 На средбата и двете страни ја потврдиле јасната заложба на Република Македонија за членство во Европската Унија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега