Пукање во Хрватска: Две лица се ранети, од кои едно од огнено оружје

Едно лице е повредено од огнено оружје вечерва, додека друго лице е повредено од тап предмет во Сплит.

„Двете лица се пренесени во сплитската болница за укажување лекарска помош“, извести сплитската полиција.

Едно лице кое е поврзано со настанот е приведено и донесено во службените простории на полицијата.

Кривичната истрага за утврдување на сите факти и расветлување на околностите на настанот е во тек.

01.04.2024 - 21:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега