Пуштен за сообраќај патот Штип-Делчево

– Магистралниот пат Штип – Делчево помеѓу селата Балван и Крупиште е отворен за сообраќај, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Како што посочија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На ГП Богородица за излез се чека околу 30 до 40 минути, а на ГП Табановце за влез се чека околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

– АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се вели во соопштението.

20.07.2022 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега