Расте бројот на заразени со Ковид 19 во Велес

Во ковид центарот на Инфективно одделение при велешката Општа болница хоспитализирани се тројца пациенти позитивни на Ковид-19, еден пациент е на кислородна поддршка. Во петокот беа двајца пациенти, информира д-р Елеонора Јованова, портпаролот на ЈЗУ Општа Болница.

Во текот на изминатиот ден во Велес беа регистрирани нови четворица заразени со Ковид-19, со што бројот на активни случаи вчера порасна на десет лица.

За споредба, во петокот беа активни шест случаи на Ковид-19. 

08.08.2021 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега