Ред сонце, ред облаци- УХМР со прогноза за цела недела

Времето утре ќе биде претежно сончево со слаб ветер претежно од западен правец.

Во среда времето ќе биде сончево со умерена облачност, околу пладне и попладне претежно во северените делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, а особено вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а особено вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во петок времето ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер.

30.08.2021 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега