Реџепи: Косовците кои ги уапси полицијата не се напаѓачите на мојот син

Сулејман Реџепи, поранешниот претседател на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), во изјава за Лајм тврди дека пукањето кон неговиот син е нарачано дело. Според негвата изјава Зеглул Реџепи, инспектор во МВР бил на должност во моментот кога беше нападнат вчера попладне во скопската населба Ѓорче Петров.

– Автомобилот од кој било пукано бил без регистарски ознаки. Син ми го забележал возилото кое го следело. Застанал сакајќи да праша зошто го следат. Но в тој момент биле испукани три куршуми. Еден од испуканите куршуми се одбил од автомобилот и го повредил син ми во нога. За среќа се работи за мала повреда. Синот денес ја напушти болницата и се врати дома, вели Реџепи за Лајм.

Поранешниот прв човек на ИВЗ се надева дека случајот наскоро ќе биде расчистен и ќе се откријат мотивите за ваквиот напад.

Додаде дека двајцата Косовци кои полицијата ги уапси кај Качанички пат не се напаѓачите на неговиот син.

-Мојот син ги виде нивните слики и е сигурен дека тие не се напѓачите.Напаѓачот бил сам. Одредено време го следел син ми со кола без таблици, и кога тој застанал да го праша зошто го следи, пукал три пати“, рече поранешниот реис.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега