Регистрирани 115 нови случаи со Ковид-19, еден починат и 368 оздравени

Пациент од Гостивар на возраст од 76 години го загуби животот по битка со коронавирусот.

Министерството за здравство во последните 23 часа од 1665 тестирања регистрира 115 нови случаи на Ковид-19.

Најголемиот дел од нив повторно се во главниот град – 34,  Куманово-10, Штип-14, Прилеп-15, Тетово-3, Струга-13, Битола-4, Охрид-4, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Свети Николе-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациент од: Скопје-64, Куманово-74, Дебар-28, Штип-30, Прилеп-5, Тетово-48, Струга-9, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-20, Гостивар-36, Гевгелија-1, Струмица-4, Крива Паланка-6, Радовиш-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-12, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455,  бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5936, активни 781

• Куманово 1482, активни 315

• Дебар 252, активни 56

• Штип 1148, активни 116

• Прилеп 478, активни 121

• Тетово 1214, активни 119

• Струга 575, активни 64

• Велес 270, активни 29

• Битола 207, активни 37

• Охрид 341, активни 35

• Кавадарци 182, активни 56

• Гостивар 793, активни 201

• Гевгелија 52, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 65, активни 15

• Крива Паланка 48, активни 13

• Радовиш 43, активни 6

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 146, активни 24

• Пробиштип 82, активни 14

• Демир Хисар 60, активни 14

• Македонски Брод 72, активни 14

• Пехчево 19, активни 13

• Берово 60, активни 51

• Валандово 9, активни 2

• Виница 74, активни 36

• Делчево 61, активни 52 (14 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 19, активни 3

• Свети Николе 290, активни 46

• Кичево 269, активни 53

• Ресен 146, активни 0

• Неготино 45, активни 11 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1665 теста се преку: ИЈЗ-243, ЦЈЗ Скопје-1, Авицена-162,  Биотек-253, МАНУ -185, Жан Митрев (Филип Втори)-294, Систина со PCR метода -349, лабораторија Лаор –79, Судска медицина-8, ЦЈЗ Битола-62, Инфективна клиника-11,  ГАК-18, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 149.934 тестирања на ковид -19.  Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 74 пациенти. На кислородна поддршка се 46, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5  позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 , позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 98

• Гази Баба – 93

• Аеродром - 98

• Карпош – 81

• Центар – 80

• Кисела Вода – 95

• Ѓорче Петров – 47

• Бутел - 56

• Шуто Оризари – 31

• Студеничани – 26

• Сарај – 22

• Арачиново – 13

• Илинден – 13

• Сопиште – 4

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково - 2

• Странец – 8

• Нераспределен-2

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2020 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега