Регистрирани се повеќе одрони, екипите се на терен

 

Силниот дожд што го зафати каменичкиот регион повторно создаде проблеми долж патниот правец М.Каменица – Кочани, каде на повеќе места се забележани одрони.

Од „Македонија пат“ апелираат до возачите за внимателно движење по влажниот коловоз, и додадоа дека поради одроните, нивни екипи ја санираат состојбата на најкритичните места.

-Освен одроните имаме дојава за паднато дрво на патот во близина на селото Истибања. Наши екипи ќе ја следат ситуацијата и во зависност од потребите ќе продолжат со интервенции онаму каде е најпотребно, истакнаа од „Македонија Пат”.
 
Невремето претходно создаде проблеми и во Пехчевскиот регион, каде имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија и одрони на одредени делници од патот Делчево-Пехчево.
28.09.2021 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега