Решат Качалнику избран за дебарски муфтија

Врз основа на статутот на Исламската верска заедница и со одлука на Ријасетот, како нејзин највисок орган, за прв човек на дебарското муфтиство избран е Решат Каџалнику, досегашен координатор на муфтиството.

-Во име на Создателот, со одлука на највисокиот орган на ИВЗ, со волја на имамите избран сум за прв меѓу еднаквите во нашето муфтиство. Продолжуваме заедно со посветена работа за доброто на вернците и сите граѓани во нашето муфтиство и пошироко, впрочем како што тоа сме го наследиле од наште предци,сите заедно да работиме, да живееме и да го делиме и доброто и лошото заедно, изјави за МИА, Качалнику.

Четиресет и три годишниот Качалнику, завршил средно исламско училиште „Медресе Иса Бег”, а дипломирал на Факултетот за исламски науки во Скопје. Во служба на ИВЗ е 24 години.

Во почетокот на октомври минатата година Ријасетот на Исламската верска заедница го назначи за координатор на дебарското муфтиство, по оставката, поради пензионирање, на дотогашниот муфтија Рамазан Хаса, кој на оваа функција беше од 2013 година.

Дебарското муфтиство ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега