Родителите ќе седнат на маса со МОН – можен ли е компромис за дигитализација на учебниците?

Родителите на учениците кои ја бојкотираат наставата поради предлог-законот за учебници ќе седнат на иста маса со Министерството за образование. Претставничката на Иницијативата „Учебници и настава мора да има“, Драгана Спасевска информираше дека работна средба е закажана за в четврток на пладне, на ќе разговараат со дел од стручниот тим кој работел на новиот предлог-закон.

Сепак, бојкотот на наставата продолжува и утре.

-Бојкот на наставата како форма на незадоволство од работењето и постапките на Министерството, останува како официјален став на групата и продолжува се до завршувањето на работната средба, а за следните чекори јавноста ќе ја информираме преку медиумите и јавните гласила, вели Спасевска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега