Родителите на деца до 10 години остануваат ослободени од работа – отворањето на градинките може да ја смени оваа одлука

И покрај тоа што градинките од среда ги отвораат вратите и натаму останува на сила владината одлука со која се ослободува од работа еден родител доколку за неговото дете не постаро од 10 години нема кој да се грижи. 

Вчера Министерот за здравство најави дека во наредните денови Владата во координација со Комисијата за заразни болести ќе го отвори ова прашање со што постои можност, по враќањето на градинките и училиштата од почетокот на идниот месец оваа одлука да биде променета. Филипче потенцираше дека на тоа ќе влијае и епидемиолошката состојба и сите ризик фактори кои би можеле да имаат свој импакт врз здравјето на гараѓаните. 

А во текот на вчерашниот ден бројот на нови случаи повторно почна да расте. За 24 часа статистиката на Министерството за здравство изброја 166 нови случаи од спроведени 1756 тестови. Коефициентот на заразени од бројот на спроведени тестови останува под 10 проценти но треба да се има предвид дека повеќе од половината од овие тестови се спроведени во приватни лаборатории, а меѓу нив се и оние на граѓаните кои се тестираат за да можат да патуваат во странство. Она што е позитивно е бројот на пациенти кај кои веќе не е присутен корона вирусот или онака како што ги нарекуваат во Министерството за здравство, оздравени пациенти. Нивната бројка вчера е поголема од бројот на нови случаи, односно за 24 часа кај 224 пациенти вирусот веќе не е присутен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.09.2020 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега