Русија не го стопираше гасот за Бугарија, а оттаму се снабдува и Македонија

Руската компанија за нафта „Гаспром“ информираше дека прекинала да испорачува гас во Бугарија и Полска, откако земјите обиле да плаѓаат во рубљи, но и покрај ова, гас и понатаму испорачува.

Енергетскиот консултант Митко Андреевски, кој токму за ова прашање е во Софија, оттаму екслузивно за „Слободен печат“ изјави дека краток период била намалена количината што се испорачува, но потоа се вратило истото ниво.

„Гасот не е прекинат. Засега Македонија добива гас од Русија преку Бугарија. Но како ќе се одвиваат понатаму работите никој не може да предвиди. Бугарија има алтернативи, но Македонија нема алтернатива за овој гас што од Русија преку Бугарија доаѓа во Македонија“, изјави Андреевски.

 

27.04.2022 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега