Рускоска откри каде завршиле паприте од случајот против Зеќири

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска вечерва обелодени дека паричните средства од набавката за која Обвинителството го гони поранешниот генсек на Владата, Мухамед Зеќири биле префрлени на сметките на хрватската консултантска куќа.

На прашањето дали е можно некој да му наложил на Зеќири да ја спроведе набавката без да распише тендер, Русковска во емисијата „Топ тема“ посочи дека тој досега не кажал такво нешто.

-Дури и да каже треба да се обезбедат докази за евентуално да се гони тоа лице, рече Русковска.

Таа се чуди како Зеќири не се консултирал со никого со оглед на тоа, дека за секоја набавка од над 400.000 евра треба да има и меѓународен тендер, но во случајов не е побарана ниту согласност од Биро за јавни набавки.

Генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири е под истрага заедно со двајца хрватски државјани за изигрување на тендерска постапка. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ги сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра. Зеќири доби 30-дневен притвор, додека за хрватските државјани сознанијата се дека се надвор од земјата, поради што ќе се бара помош од Хрватска.

Според сознанијата на обвинителството, Зеќири во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

29.04.2022 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега