Русковска: Камчев подигнал кредит за спогодба за „Империја“

Бизнисменот Јордан Камчев, се согласил на казна затвор од една година, како спогодба за случајот „Империја“. Оваа информација денеска ја обелолдени шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

-Преку одбраната, Камчев поднесе иницијатива. Со ова се надомести државата и парите околу 5,1 милион евра се уплатени на сметката на Управната за јавни приходи. Тоа значи одмрзнување на имотот на Камчев, затоа што замрзнувањето беше со цел доколку не дојдеше до спогодба, државата да може да си ги наплати своите побарувања, објасни Русковска во емисијата „Топ тема“.

Според неа, Обвинителството дознало дека Јордан Камчев подигнал кредит од банка за спогодбата.

-По вештачењето кое беше изготвено од вештите лица на Економскиот факултет, се дојде до таа сума. Ние побаравме од УЈП да се произнесе дали има побарување. Они рекоа дека 2 милиони денари веќе се наплатени и треба уште, по што се дојде до уплатената сума, што ја уплати Камчев, кажа Русковска.

29.04.2022 - 19:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега