Русковска: Камчев се спогодил со обвинителството за „Империја“

Бизнисменот Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот „Империја“ и е осуден на една година затвор, вели раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Таа во интервјуто за Топ Тема што ќе биде емитувано вечерва на телевизија Телма појаснува дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

-Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата (н.з. пред два дена). Од фирмата „Кара“ односно „Орка Холдинг“ ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка птротив него, а тој се согласи на казна од една година затвор, истакнува Русковска во интервјуто.

Таа појаснува дека иницијативата била поднесена пред 15-на дена.

-Таму каде е предвидена казна затвор од пет години, согласност мора да даде јавниот обвинител. Разговаравме со надлежната обвинителка Лиле Стефанова и доставивме предлог до државниот обвинител Љубомир Јовевски. За седум дена добивме согласност, а во меѓувреме тој ги уплати средствата на УЈП, вели Русковска. 

29.04.2022 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега