СДСМ: Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата ќе го поддржат Законот за рестриктивни мерки


ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание, стои во соопштението на СДСМ.

„Пратеникот на ДПМНЕ Антонио Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешна политика, законот, кој е доставен во собранието пред месец и половина.

Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот.

Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат.

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки.

Со овој закон се создава можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.

Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања“, велат од СДСМ.

20.03.2024 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега