СДСМ: Го штитиме стандардот на народот, нови мерки за намалување на цените

„СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните, во време на светска економска криза.“- велат од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумите.

-Усвоени се нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на  тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките се намалува за 13 отсто.

Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.

Млекото и млечните производи се поевтини за 10, а тестенините за 15 проценти.

Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година.

Се прават пресметки за намалување и замрзнување на цените на дел од овошјето и зеленчукот.

СДСМ продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки кои ги намалуваат трошоците на семејствата.- стои во соопштението.

30.03.2023 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега