СДСМ: Мерката за лебот даде резултат, СДСМ ги заштити граѓаните

 

 
 
„СДСМ ги заштити граѓаните и не дозволи профитерство во време на криза.
Мерката за замрзнување на цената на лебот на најмногу 33 денари и обврската за негово доставување даваат резултати.
Големите пекарници, кои два дена ја бојкотираа обврската, го доставуваат белиот леб од 450 грама во маркетите по цена од најмногу 33 денари."-велат од СДСМ.
 
-За СДСМ граѓаните се секогаш на прво место.
Се разгледуваат можностите и се прават калкулации за замрзнување на цените и на други основни производи.
Додека СДСМ презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица застанаа зад профитерите и се противеа на замрзнувањето на цената на лебот.
СДСМ продолжува со мерки и политики кои го штитат и унапредуваат стандардот на домаќинствата.- стои во соопштението на СДСМ.
06.03.2023 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега