СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за лагите

Единствено Христијан и ВМРО-ДПМНЕ не го поздравија потпишувањето со Фронтекст на македонски јазик, прв официјален договор со ЕУ на македонски јазикм со чиста формулација, без никкави фусноти. Тоа е огромен успех за македонската држава и огромен пораз за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, секоја нивна лага за наводно загрозување и бришење на македонскиот јазик денес е демантирана, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ порача дека Мицкоски заедно со Апасиев е единствениот кој не честиташе на потпишувањето на Фоговорот со Фронтекс.  

„Се што кажаа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се потврди дека е безобразна лага. Нема асимилација, нема бугаризација има официјален македонски јазик во преговорите со ЕУ. Ако веќе нема нема доблест да честита за успехот на државата, Мицкоски нека смогне сили и нека им се извини на граѓаните за лагите што со месеци ги пласираше во јавноста“, соопштија од партијата.

28.10.2022 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега