СДСМ: Мицкоски призна дека блокираат закони, сега да им ги врати парите на граѓаните

 

„Христијан Мицкоски денеска јавно призна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно блокирале помош од 100 милиони евра за справување со енергетската криза. Сега ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека им ги врати парите на граѓаните“. Ова го потенцираат социјалдемократите во соопштение испратено до медиумите.
 
„Како ниедна опозиција во светот, како ниеден политичар во светот ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да помогнат тие дополнително ја отежнуваат состојбата во време на светска економска и енергетска криза. 
Згора на се, Мицкоски уште и се фали дека блокадата му била успешна.
 
За разлика од таквиот деструктивен однос, претседателот Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони евра од ЕУ за директна поддршка за справување со енергетската криза“, додаваат оттаму. 
 
Очигледна е разликата помеѓу одговорниот државнички пристап на Ковачевски и деструкциите и неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои по секоја цена дејствуваат на штета на државата и граѓаните, стои во соопштението. 
06.11.2022 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега