СДСМ: Мицкоски се гордее со континуитетот на Ванчо Михајлов, соработникот на фашизмот

Христијан Мицкоски не само што го потврдува континуитетот со Ванчо Михајлов туку оди и чекор понапред. Мицкоски се гордее со континуитетот на ВМРО-ДПМНЕ со ликот и делото на Михајлов, соработникот на фашизмот, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ обвини дека за Мицкоски не се проблем контроверзните историски имиња на бугарските клубови, кои го негирале македонскиот идентитет и кои соработувале со фашистичките окупатори, туку спорен му бил само политичкиот реципроцитет.

„Очигледно е дека фотографиите на Мицкоски со основачите на бугарските клубови не биле случајни. Мицкоски е слаб, послушник на Груевски и заложник на Апасиев и Левица а неговата партија е обезличена и без идеологија“, велат од партијата.

17.11.2022 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега