СДСМ: Најуспешни сме, мерките на Владата даваат резултати

„Успешните економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати. И во време на светска економска криза, 2022 е година со најуспешни резултати кои компаниите ги остварија во Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ)“. Овие пораки ги испраќаат утрово од владејачката СДСМ во соопштение испратено до медиумите. 

Велат дека за една година во ТИРЗ се вложени над 430 милиони евра нови инвестиции.

„Оваа година започна со нови големи вложувања, бележиме рекордни износи на странски директни инвестиции. Во ТИРЗ лани се отворени 2.300 нови работни места, со плати кои се повисоки од државниот просек.

И за странските и за домашните инвеститори, е обезбедена стабилност за вложувањата, за нашите граѓани добро платени и сигурни работни места.

Мерките и политиките, што ги креира Владата предводена од СДСМ создаваат поволни услови за вложувања, кои ги препознаваат светски ренормирани компании и ја избираат нашата држава, како најпололна за инвестиции“, додаваат од СДСМ во соопштението.

Од партијата ветуваат дека ќе продолжеле, како што велат со мерки и политички кои обезбедуваат економски раст и конкурентна економија.


23.01.2023 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега