СДСМ: Се потврди уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, овој пат за ново парламентарно мнозинство

Собранието на Република Северна Македонија со 63 гласа го изгласа предлогот Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа. Со денешното гласање, издиша уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се вели во соопштението на СДСМ.

СДСМ го обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ги лаже граѓаните.

„Со месеци Мицкоски ги лаже граѓаните, го лаже членството дека само што не направил ново мнозинство и не формирал нова Влада. Во реалноста нема и нема да има ништо од тоа. Парламентарното мнозинство предводено од СДСÐ œ е стабилно, посветено на работа во интерес на граѓаните и носење на потребните законски решенија важни за преговарачкиот процес со ЕУ и за напредокот на државата“, велат од партијата.

28.10.2022 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега