СДСМ: Со нашите политики живееме во најбезбедна земја во Западен Балкан


„Политиките на СДСМ во секој сегмент даваат резултат и тоа се потврдува и со извештаи и ранг листи на светки реномирани организации.
Со политиките на СДСМ во делот на безбедноста и чувањето на редот и мирот, денес живееме во најбезбедната држава во Западен Балкан“. Ваква порака испраќаат утрово од СДСМ во врска со статистиката дека Македонија е 36-та по ред безбедна земја во светот.

„Тоа е потврдено со најновата ранг листа на Глобалниот индекс на мир каде нашата држава е на 36тото место и бележи скок од четири позиции споредено со минатата година.
Споредено со 2017, годината кога СДСМ ја презема власта Северна Македонија за само пет години успеала да се искачи за 97 позиции, за денес да биде меѓу 36те најбезбедни земји во светот.

Ова е резултат на вложувањата во полицијата што резултираше со зголемен процент на отркивачка дејсност, намален број на строени кривични дела, како и зголемен број на расчистени случаи“, велат од СДСМ.


08.11.2022 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега