СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кочи мерки за 200.00 лица од ранливите категории

 

ВМРО-ДПМНЕ во време на криза, срамно и ниско кочи законски решенија кои обезбедуваат мерки за финансиска помош за ранливи категории како пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители. Веќе трета недела претседателот на собраниската комисија за финансирање и буџет Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ не закажува седница на која треба да се расправа за помош за ранливите категории граѓани. Оваа помош е дел од последниот пакет мерки, изготвен од Владата предводена од СДСМ вреден над 360 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите за справување со последиците од кризата, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно опструира законски решенија додека граѓаните чекаат помош од државата. Ова е уште една потврда на крајното лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна продаваат загриженост за граѓаните, а од друга го кочат и опструираат разгледувањето и усвојувањето на мерките за помош.

Околу 200.000 лица од ранливите категории, пензионери со ниски пензии, приматели на минимална помош и самохрани родители со нетрпение ја очекуваат финансиската помош, која треба да ја добиваат наредните четири месеци. Во време на криза се потребни брзи и ефикасни решенија. Крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да покаже конструктивност и одговорност пред граѓаните, се вели во соопштението.

04.11.2022 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега