СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за Фронтекс, застана против македонски јазик во ЕУ

 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ вчера не гласаа за ратификација на Договорот со Фронтекс и со тоа уште еднаш го покажаа своето вистинско лице. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна партија која е против ЕУ, против македонскиот јазик, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека откако ВМРО-ДПМНЕ со месеци лажеа и ширеа хистерија дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, дека ќе имало асимилација и бугаризација, откако не смогнаа сили да честитаат за потпишувањето на Договорот со Фронтекс на официјален македонски јазик, пратениците од МРО-ДПМНЕ не гласаа за ратификација на овој Договор.

„Додека се носат важни закони за граѓаните и државата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ платени со парите од граѓаните, не се во салата, не се на своето работно место, не гласаат и не даваат никаков придонес. Ете тоа е односот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кон Собранието ком државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се нервозни што не им успеа сценаријата за предвремени избори. Со таков однос, уште долго ќе останат во опозиција", се вели во соопштението.

14.02.2023 - 09:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега