СДСМ: Во заложништво на Апасиев, Мицкоски делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар

„Христијан Мицкоски, без идеја, предлог и решение, делува како анти-НАТО и анти-ЕУ политичар. Лицемерно Мицкоски, декларативно се залага за членство на државата во ЕУ, а во пракса ВМРО-ДПМНЕ не поддржа ниту една одлука за евроинтеграциите и прави се за да ја загрози европската европската иднина.Мицкоски организираше насилни протести против европскиот предлог, ширеше хистерија за наводна бугаризација и асимилација.“-велат во соопштението од СДСМ.

-Од ВМРО-ДПМНЕ ширеа лаги дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор во кој нашиот јазик стои заедно со сите 24 јазици на ЕУ потпишан од сите земји членки на ЕУ и од Северна Македонија.-додаваат од партијата.

„Мицкоски е заложник на популистичката реторика на Левица и Димитар Апасиев, со кого се натпреварува во блокади и деструкции за попречување на европската иднина на државата. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица е коалиција за враќање назад. Нивната единствена цел е да го попречат европскиот пат на земјата.“- стои во соопштението.

30.03.2023 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега