СДСМ: Започна исплатата на финансиската поддршка за пензионерите

Започна исплатата за финансиската поддршка од последниот пакет антикризни мерки, истакнуваат од СДСМ.

„За период од 5 месеци, 15.000 денари добиваат пензионерите со пензии до 14.000 денари.

10.000 денари добиваат пензионерите чии пензии изнесуваат од 14.000 до 16.000 денари.

7.500 денари добиваар пензионерите со пензија од 16.000 до 19.000 денари.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на обезбедување пристојни пензионерски денови за нашите повозрасни граѓани“, додаваат во соопштението.

Појаснуваат дека со воспоставената методологија СДСМ за 50% ја има зголемено минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија во споредба со времето на ДПМНЕ, партијата која, како што велат, се сеќаваше на пензионерите само пред избори.

29.12.2023 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега