СДСМ: Започнува реализација на историска инвестиција, 110 километри автопат

 

Владата предводена од СДСМ започнува со реализација на историска инвестиција во изградба на современа патна инфраструктура во државата, соопшти владејачката партија.

„Започнува изградба на 110 километри автопат на Коридорот 8 и Коридорот 10Д, како еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата, во вредност од 1,3 милијарди евра.

Овој проект опфаќа изградба на делницата Тетово- Гостивар во должина од над 17 километри, Гостивар – Букојчани во должина од 30,3 километри, Требениште – Струга – Ќафасан од 22 километри, како и автопатот Прилеп – Битола во должина од речиси 40 километри.

Изградбата на автопатските делници придонесува за регионално поврзување на нашата земја, која станува уште позначајна регионална и меѓународна транспортна рута, раскрсница на Балканот, со излез на три пристаништа.

Квалитетните патишта го олеснуваат животот, ги зближуваат граѓаните и поволно влијаат врз развојот на сообраќајот, трговијата, еконoмијата. СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните, компаниите, целата економија“ наведуваат од партијата.

09.03.2023 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега