Се огласи и портпаролот на АА: Шпекулации се информациите деа Алијанса влегува во Влада

Портпаролот на Алијансата за Албанците, Арбен Зекири за Локално“ изјави дека се шпекулации информациите кои претходно ги објави „ТВ Клан“, според кои партијата веќе влегла во Владата и дека ќе земе три министерства.

Според албанскиот медиум, Алијанса треба да ги добие министерствата за здравство, за образование и МЗШВ.

Веќе неколку недели во јавноста кружи темата за проширување на Владата и евентуалниот влез на АА во владиниот кабинет, но засега ништо конкретно.

Минатата недела Арбен Таравари и премиерот Димитар Ковачевски имаа средба, но по неа соопштија дека проширувањето на Владата не било предмет на дебата.

22.11.2022 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега