Сеизмолошка со детали за земјотресот попладнево - најсилно се почувствувал во Гостивар и Маврово

Земјотресот што се почувствува попладнево во 15.25 часот е повторно од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје и со локална Рихтерова магнитуда 5.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

– Според досегашните податоци, земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, Дебар и Кичево со интензитет V, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Струга, Охрид, Битола, Прилеп и околината со III-IV степени според истата скала, соопшти Опсерваторијата.

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 5 степени беше регистриран утрово во 4.54 часот во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега