Сеизмолошка со детали: Земјотресот утрово почувствуван во неколку градови низ Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, на 11.11.2020 година во 04 часот и 54 минути, регистрирала земјотрес чии епицентар се наоѓа 50 km југозападно од Скопје во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, пренесува ТВ21.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML5.0.

- Според досегашните податоци земјотресот најсилно бил почувствуван од жителите на Маврово и Гостивар со V степени според Европската макросеизмичка скала, го почувствуваа и граѓаните на Тетово и Скопје со интензитет од IV степени, а граѓаните на подрачјето Битола, Прилеп, Охрид со III степени според истата скала - велат од Сеизмолошката опсерваторија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2020 - 06:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега