Серија на апсења во Македонија

На 20.04.2024 во 16.40 часот на ул.„„Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Т.Н.(35) од Струга, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за доиздржување на една година и шест месеци од затворската казна.

На 21.04.2024 во 00.40 часот на улица „Коста Абраш“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.М.(22) од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (21.04.2024) во 01.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Е.(32) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 22.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Б.(21), М.Б.(24) и З.С.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 23.40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.К.(43) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 21.50 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници ги привеле O.Б.(24), Ј.М.(32) и О.Б.(40), сите од Република Турција, затоа што по извршен проверка и контрола било констатирано дека оствариле илегален влез во државата. Со нив бил извршен службен разговор, по што лицата биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.

21.04.2024 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега