Сертификати или негативни тестови ќе се бараат и за излез од Македонија

Сертификат за вакцинација, потврда за прележан Ковид до 45 дена, негативен ПЦР не постар од 72 часа или брз тест за антигенски тела не постар од 48 часа ќе се бара и за излез од Македонија.

Ваква одлука денеска донесе Владата на седница.

Владата ја дополни и одлуката за задолжителен домашен карантин во траење од 7 дена доколку при влез во државата немаат негативен ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД-19, при што времетраењето на карантинот може да се скрати на 5 дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР тест. Ова важи и за домашни и за странски државјани. Трошоците за изолација на странските државјани е на нивни трошок.

31.08.2021 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега