Шахпаска: Останува во сила мерката за ослободување од работа на родител на деца до 10 годишна возраст

Владината мерка со која еден родител на деца на возраст до 10 години се ослободува од работа не се укинува, рече на денешната прес конференција министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

 

Министерката потсети дека предност за одење во градинка ќе имаат деца на самохран родител и родители кои нема да може да работат од дома.

„Родителите кои што ја користат мерката за чување на деца од 0 до 10 години продолжуваат и понатаму да ја користат оваа мерка. Оваа мерка не ја укинуваме, продолжува и понатаму да биде во сила“, рече Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.09.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега