Шекеринска со сочувство до семејството на загинатиот пожарникар: Цела држава ќе ја памети пожртвуваноста на Жан

Вчера, во сообраќајна несреќа во Нова Горица, почина Жан Кофол, еден од словенечките пожарникари коишто храбро се бореа со пожарите во Берово летово. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил искажа искрено сочувство до семејството на Кофол, но и до цела Словенија.

– Длабоко сочувство до семејството и до пријателска Словенија. Жителите на Берово и Пехчево, но и цела држава ќе ја памтат пожртвуваноста на Жан, стои во објавата на Шекеринска.

 

29.09.2021 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега